Ракометарите против Романија во Скопје па во Букурешт

Ракометната репрезентација на Македонија во првиот бараж за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во јануари во Шведска и Полска силите ќе си ги одмери со Романија в март.

Првиот натпревар ќе биде одигран во Скопје, додека вториот во Букурешт при тоа што натпреварот во нашиот главен град ќе биде одигран во СЦ „Борис Трајковски“ на 17 март, додека реваншот во главниот град на Романија само два дена подоцна, на 19 март.

Победникот од овој двобој како што е познато во април ќе игра против Чешка во вториот бараж, а победникот од тој дуел ќе се пласира на Мундијалот следната година во јануари.

Се вчитува...