Ракометарите слетаа – Дебрецин нека биде место за нови ракометни радости (ФОТО)

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонските репрезентативци со чартер-лет од Скопје попладнево пристигнаа во Дебрецин, подготвени и максимално мотивирани за добри игри на ЕП 2022.

Проблемите со коронавирусот на неколку ракометари не остави трага врз мотивираноста, „црвено-жолтите“ се решени и со подмладен состав да се прикажат во добро светло и да покажат дека пред македонскиот репрезентативец ракомет е светла иднина.

Дебрецин нека биде место за нови ракометни радости, какви што ракометарите со години наназад им приредуват на верните навивачи каде и да играат.

Се вчитува...