Ракометарите со аплаузи од „Фалангата“, македонска фешта во „Датарт“, атмосфера за восхит (ВИДЕО)

ЕКИПА во Злин, Чешка

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација пропушти убава можност со триумф да ја напушти Чешка и со предност да го дочека реванш-дуелот од баражот за пласман на Светското првенство.

Македонија имаше предност и од шест гола во второто полувреме, но на крај мораше да се „задоволи“ со реми (24-24). Но, токму изданието и борбата на избраниците на Кире Лазаров против фаворизираната Чешка и тоа како позитивно оценето од македонската „Фаланга“ која со аплаузи ги испрати ракометарите.

Прекрасен атмосфера во салата „Датарт“ во Злин создадоа македонските навивачи кои во преполната сала беа повеќе од една третина. На крај сето тоа заокружено со македонска „фешта“ која сепак ќе треба да се докомплетира во недела во Скопје на реваншот кога ќе треба да се тратира патот кон Мундијалот.

Се вчитува...