Ракометарите „со нов дрес до нови победи“ на СП 2019

Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапи со нови дресови од брендот „Хумел“ на претстојното СП што на 10 јануари стартува во Данска и во Германија.

Ракометната Федерација на Македонија најави дека промоцијата на новиот дрес, под мотото „Со нов дрес до нови победи“, ќе се случи на 3 јануари (четвток) во 14 часот, во продавницата „Д-спортска опрема“ на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. На настанот ќе се обратат преставници на Ракометната Федерација на Македонија, селекторот Раул Гонзалес и капитенот на нациналниот тим Кире Лазаров.

Присутни ќе бидат и репрезентативците кои на дресовите што ќе се продаваат по промотивни цени ќе ги стават своите автограми.

Се вчитува...