Ракометарите во строј – Лазаров спремен за надмудрување со „учителот“ Паски (Фотогалерија)

Македонските ракометари ги почнаа подготовките за бараж-двомечот со Романија, прва од двете пречки кои стојат на патот на „црвено-жолтите“ до нов мундијалски настап.

За Кире Лазаров како селектор и капитен овој двомеч има дополнителен шарм, ако се знае дека на спротивната страна го има Чави Пасквал, стратегот со кого имаше беспрекорна соработка додека го носеше дресот на Барса.

Лазаров и во изјавите пред мечот е полн со респект за романскиот селектор, свесен дека „Паски“ ќе се обиде со некој „џокер“ од ракавот да ја изненади Македонија, но и најавувајќи дека нашиот национален тим ќе биде подготвен.

Се вчитува...