Македонската женска ракометна репрезентација доживеа пораз и во четвртиот меч на Европското првенство во ракомет на плажа кое се одржува во Португалија, овој пат во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на првенството.
Избраничките на Златко Мојсоски попладнево загубија и од Италија, во мечот во кој како утеха останува освоениот прв сет на шампионатот.
Ракометарките загубија со 1-2 во сетови (12-28, 15-12 и 4-6), во натпреварот во кој најдобра кај Македонија беше Диневска со девет поени, а Гуличоска заврши со шест поени.
Во групата од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на ЕП, Македонија ја очекуваат уште пресметките со селекциите на Романија и на Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА