Ракометарките на Ѓорче Петров убедливо против австриски Румс за осминафинале во Купот на ЕХФ

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров убедливо славеа и на вториот меч против австриски Рyмс Јагс за пласман во осминафиналето на Купот на ЕХФ.

Избраничките на Симе Симевски на денешниот дуел триумфираа 40-26 (23-8), само како потврда и на оваа вчерашна прва убедлива победа од 26-45 (11-21) во првиот меѓусебен натпревар со Австријките. Па, Македонките со две убедливи победи лесно се најдоа во Топ 16 фазата во европското натпреварување.

Најдобри поединки во редовите на Ѓорче Петров изминативе два дена беа Ангела Јанкуловска, Милица Николиќ, Ана Марија Коларовска…

Елиминација во третото коло доживеаја ракометарките на Чаир кои загубија во двата меча од Макаби Рамат Ган од Израел, а во претходните рунди беа елиминирани Металург и Куманово.

Се вчитува...