Ракометарките на Кристијанштад први финалистки во ЛШ

Женскиот ракометен клуб Кристијанштад, направи мало изненадување на Ф4 во Будимпешта, и се пласираше во финалето на најелитното европско натпреварување, победувајќи го домаќинот Гер со 35-37.

Победникот беше решен уште по првиот дел кога Норвежанките стигнаа до предност од пет гола разлика. Во вториот дел само ја одржуваше, па дури и ја зголеми на седум, иако Ѓер во финишот дојде и до еден разлика, сепак, на крајот Кристијанштад успеа да ја обезбеди победата и да го завери финалето.

Робертс со осум голови беше најефикасна кај победничкиот тим, додека кај Ѓер Офтедал постигна 11 голови.

Во финалето Кристијанштад го чека подобриот од дуелот Ференцварош – Есбјерг, кој се игра во 18 часот.

Се вчитува...