Ракометен спектакл во најава – Вардар ги отвори вратите за вечното дерби со Пелистер

Големото македонско ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ги има сите предуслови да биде спортски празник в сабота, откако управата на „црвено-црните“ се реши за популарен потег – објавувајќи слободен влез за овој меч.

„Вардарци“ со победа широко би си ги отвориле вратите на патот кон нова титула, битолчани мораат да останат непоразени ако сакаат да се надеваат на тронот, а во големото дерби ќе можат да уживаат приврзаници и на двата клуба, со оглед на најавеното гостување на „Чкембари“ во СЦ „Јане Сандански“.

„За дербито во сабота меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер влезот е СЛОБОДЕН… Сите што имаат сезонски билети и што ќе купат билети за натпреварот со Веспрем ќе ги задржат сопствените места за седење во салата. Ве чекаме во сала…“, објави Вардар.
.

Се вчитува...