Ракометната Супер-лига се прошири: Од следната сезона 16 клубови поделени во две групи

Ракометната Супер-лигата во следната сезона ќе брои 16 тимови, откако на Денешното Собрание на РФМ беше потврдена промената во системот на натпреварување, кое го поддржаа сите клубови од елитното македонско ракометно друштво.

Според новиот систем на натпреварување, бројот на клубови учесници се зголемува на 16, кои ќе бидат поделени во две групи од по осум екипи во првиот круг од Супер-лигата, кои ќе се натпреваруваат во 14 кола (дома и на гости). Најдобрите четири екипи од секоја група ќе продолжат да се натпреваруват во плејоф-лигата во борба за титулата и место во европските купови, додека останатите осум тима (по четири од двете групи) ќе продолжат да се натпреваруваат во борбата за опстанок во плејаут-натпреварувањето.

Првите места во плејофот ќе носат по три бода, вторите по два бода, третите по еден бод, додека четвртопласираните екипи во Супер-лигата нема да пренесуваат бодови во плејофот.

Истото се однесува и на плејаутот, петтите тимови од групите од Супер-лигата ќе пренесат по три бода во плејаут-натпреварувањето, шестопласираните тимови ќе пренесат по два тима, седмите суперлигашки екипи ќе пренесат по еден бод, додека екипите кои ќе бидат последни во групите нема да имаат ниту еден бод на стартот од плејаутот.

Се вчитува...