Ракометниот Шек има нов клуб

Еден од најпопуларните ракометари на денешницата, Гатје Мвумби има нов клуб.

Репрезентативецот на Демократска Република Конго кариерата ќе ја продолжи во грчкиот шампионат, во редовите на Диомидис.

Мвумби јавноста ја привлече со настапите на Светското првенство во Египет кога првпат се појави на големата сцена, а поради својата големина го доби прекарот ракометниот Шек.

Се вчитува...