Ракометните селекции У18 и У20 ги дознаа ривалите за ЕХФ шампионатите

Репрезентациите на Македонија за ракометари до 18 и до 20 години ги дознаа противниците за претстојните ЕХФ шампионати што ќе се играат наредната година. „Црвено-жолтите“ ќе бидат домаќини на У20 шампионатот што следниот јули ќе се игра во Скопје. Откако беа извлечени селекциите од останатите шешири, Македонија избра да биде дел од групата Б, каде за противници ќе ги има селекциите на Швајцарија, Италија, Украина и Велика Британија.

Што се однесува до селекцијата за играчи до 18 години, таа ќе се натпреварува на шампионатот во Грузија, каде ќе бидедел од групата А заедно со Швајцарија, Фарските острови, Естонија, Литванија и Луксембург.

U18 MAKEDONIJA

Се вчитува...