Ракометно шоу во Битола: Еурофарм го „торпедираше“ Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога, па со висока победа го совладаа Еурофарм Пелистер 2, победувајќи го со убедливи 20-38.

Битолчани уште еднаш беа сведоци на спектакуарно ракометно шоу, гостите доминираа уште на самиот почеток, па ја најавија победата уште во првото полувреме, покажувајќи целосна доминација, па по триесет минути игра имаа позитива од девет гола 9-18.

Костески Ненад со десет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Еурофарм Пелситер 2 се истакна Ѓорговски Емилијан како најдобар стрелец со постигнати пет гола.

По оваа победа Еурофарм Пелистер се искачи на првата позиција со 33 бода, додека Еурофарм 2 остана остана на четвртото место со 23 поени.

Од останатите натпревари во македонската прва лига, Струга на домашен терен оствари победа над Радовиш со 24-20. Ракометарите на Струга сега имаат 10 поени, додека Радовиш и понатаму е бетониран на претпоследното место.

Се вчитува...