Ракометното СП 2019 со директни преноси на МТВ

Македонските љубители на ракометот ќе можат преку директни преноси  на националниот сервис да го проследнат настапот на машката ракометна репрезентација на Македонија на претстојното Светско првенств што ќе се одржи од 10 до 26 јануари во Германија и во Данска.

Денеска е потврдено дека МТВ ги откупила правата за ракометниот Мундијал.

„Знаејќи ја неисцрпната желба на гледачите за што повеќе содржини од настаните на коишто учествува нашата репрезентација, покрај натпреварите на Македонија, како и секогаш досега, ќе понудиме и многу повеќе програма од ракометниот Мундијал. Ќе пренесуваме најмалку триесетина натпревари од шампионатот, што би значело најмалку по два дневно и тоа не само во деновите кога нашиот национален тим. Секако, тоа ја опфаќа и самата завршница на турнирот и распределбата на медалите. Имајќи го предвид потенцијалот, искуството од претходните големи натпреварувања и докажаниот коментаторски квалитет со кој располагаме, уверен сум дека проектот СП во ракомет 2019 на МТВ ќе биде вистински спектакл“ – изјави уредникот на спортската редакција на МТВ, Драган Николовски.

Се вчитува...