Ракометот нема среќа: Првиот меч по пауза од пет месеци – прекинат

Ракометот долго беше во „илегала“ поради пандемијата на коронавирусот, а денеска Еурофарм Пелистер и Металург требаше да ја прекинат паузата со пријателски натпревар во Маврово. Но, немаа „среќа“, затоа што мечот беше прекинат по само осум минути, а причината е лизгавиот паркет. Двете екипи беа согласни дека нема услови за доигрување на средбата, сакајќи да ги заштитат ракометарите од повреди.

Во моментот на прекинот, Металург имаше водство од 4-2.

Двете екипи ќе бидат дел од Струшкиот турнир и таму веројатно ќе имаат целосна пресметка.

Се вчитува...