Оле Гунар Солскјер на крајот од минатата година доби отказ од клупата на Манчестер Јунајтед откако загуби од Ватфорд. На негово место стигна Ралф Рангник кој на тоа место е поставен како в.д. менаџер до јуни 2022 година, а тимот од „Олд Трафорд“ бара менаџер на долги патеки.
Сепак, британските медиуми пренесуваат дека Рангник ги освоил симпатиите на раководството на Јунајтед, со што ќе му биде понуден перманентен договор и да биде менаџер и следната сезона.
Потрагата по нов тренер е одложена и клубот разгледува да му даде шанса на Рангник и следната сезона. Тој досега го водеше тимот на 10 натпревари и оствари шест победи, три нерешени средби и еден пораз.
Клубот исто така ќе игра и во Лигата на шампионите во февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА