Рамос: Би било смешно сега да го сменат тренерот

Реал Мадрид е во голема резултатска криза. Загуби „кралскиот клуб“ и на гостувањето кај Алавес (1-0), а нема постигнато погодок на последните пет меча. Тоа секако го запали црвениот аларм во најтрофејниот клуб, но капитенот Серхио Рамос предупредува дека би било луд и смешен потег доколку тренерот Хулен Лопетеги добие отказ.

„Ова е страшен удар за тимот, бевме подобро, не искористивме неколку убави шанси и на крајот примивме гол за да бидеме поразени. Но, мораме да ја завртиме оваа страница и да гледаме напред. Кога има одредени промени, потребен е и период за да се наместат коцките. Тимот се уште се бори за сите трофеи и верувам дека ќе се вратиме брзо на победничките патеки. Мислам дека би било лудо и смешно доколку сега го промениме тренерот. Но, ние сме само фудбалери и треба да играме на теренот, а раководството ги мисли и ги влече другите клупски потези“, изјави Серхио Рамос.

Се вчитува...