Рамос: Да се викаше Иниеста Андресињо ќе имаше две „златни топки“

Серхио Рамос по големиот триумф над Баерн Минхен ја коментираше играта на Реал Мадрид, но се осврна и на Андрес Иниеста, големиот ривал од Барселона за кого дефанзивецот има највисоко можно мислење. Иниеста освои се што можеше да се освои на клупски и репрезентативен план, но индивидуално не се закити со „Златната топка“, нешто што според Рамос сигурно ќе се случело доколку тој потекнувал од Јужна Америка, а не од Шпанија.

„Сите знаат што мислам за Андрес Иниеста, тој е еден од најдобрите светски фудбалери во последните петнаесетина години. Ми беше чест што го имав крај себе во репрезентацијата, но и за ривал на вечните дерби натпревари. Ако Андерс се викаше Андерсињо ќе имаше две „златни топки“. Самите сме си виновни, помалку го цениме она што го имаме дома отколку она надвор од земјата“ – изјави Рамос.

Се вчитува...