Рамос до Салах: Некогаш фудбалот ја покажува и лошата страна

Серхио Рамос го предводеше Реал Мадрид до титулата во Лигата на шампионите, воедно и беше актер во клучниот момент од средбата, кога по еден дуел со Мохамед Салах египетскиот ас остана да лежи на теренот и мораше да биде заменет.

И додека фановите на Ливерпул бурно реагираат тврдејќи дека тој намерно го повредил нивниот најдобар фудбалер, Рамос испрати порака до Салах.

„Некогаш фудбалот ја покажува добрата страна, но некогаш и својата лоша страна. Пред се, ние сме колеги професионалци. Оздрави побрзо Салах, иднината е пред тебе“ – напиша Рамос на својот твитер-профил.

Во меѓувреме, Египетската Фудбалска Асоцијација објави се уште постојат шанси Салах да биде „фит“ за мундијалот, откако во разговорите со клупскиот лекар на Ливерпул им било кажано дека станува збор за повреда на лигаментите, а не за фрактура. Останува во следните денови да се види колку е сериозна повредата и колку долго Салах ќе мора да отсуствува од терените.

Се вчитува...