Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, му упати емотивна порака на својот досегашен тренер Зинедин Зидан, по одлуката да ја напушти клупата на „кралскиот клуб“. Популарниот Зизу заминува откако трипати последователно ја освои Лигата на шампионите со тимот на Реал Мадрид.
„’Мистер’, како играч и сега како тренер, реши да си одиш кога си на врвот. Благодарам за две и пол години фудбал, работа, љубов и пријателство. Ти си одиш, но твоите дела остануваат. Тоа е едно од највозбудливите поглавја во историјата на нашиот сакан Реал Мадрид“, напиша стоперот на Инстаграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА