Жестоки критики за Рамос – сo сопругата се фалеле дека потрошиле 1.000 евра на два пилешки стека (ФОТО)

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос е со семејството на одмор во Дубаи. Првиот дел од летниот одмор Рамос одлучил да го помине во Дубаи, а веќе уште првиот ден бил во центарот на вниманието.

Дефанзивецот на ПСЖ се најде на удар на критики поради фотографијата што ја објави на социјалните мрежи пред неколку дена. Тој вечерал со сопругата Пилар Рубио во ресторанот на познатиот готвач Нусрет, а нарачале златен стек кој е меѓу најпознатите специјалитети во овој ресторан во Дубаи.

Навивачите упатиле жестоки критики кон Рамос и неговата сопруга откако се пофалиле дека потрошиле дури 1.000 евра на два пилешки стека.

„Ова е премногу арогантно однесувањe, не треба вака јавно да се фалите што имате на трпеза … Особено ако знаете колку луѓе во светот умираат годишно од глад“, се вели во еден од коментарите.

Еден од фановите под фотографијата напишал дека половина од работниците во Шпанија работат по 50 часа за да ги заработат парите што Рамос ги потрошил на еден обичен стек.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...