Рамос е на чекор до уште еден фантастичен рекорд

Серхио Рамос ја продолжи извонредната серија од повеќе од три години без промашен пенал откако капитенот на Реал биеше прецизно за водство од 2-0 во вечерашниот триумф над Аталанта од 3-1.

Шпанскиот репрезентативец стигна до бројот од 15 постигнати погодоци во ЛШ, па сега се наоѓа на само еден чекор до уште еден фантастичен рекорд – да стане дефанзивец со најмногу голови во елитното европско натпреварување.

На врвот на оваа ранг-листа се наоѓа поранешниот соиграч на Рамос од Реал Мадрид, Бразилецот Роберто Карлос кој веќе подолго време се наоѓа во пензија.

Се вчитува...