Рамос: Евроголот на Бејл означува една епоха

Серхио Рамос беше во главна улога како командант на одбраната на Реал Мадрид кон новиот европски успех, четвртата европска круна во дресот на „кралевите“. По мечот со Ливерпул, искусниот дефанзивец не го криеше задоволството од големата победа и продолжувањето на доминацијата на европската фудбалска сцена.

„Одигравме одлично финале, бевме подобри и победивме. Евроголот со ножички на Бејл означува една епоха од историјата на нашиот клуб. Лудо е, имам ист број на титули во Ла Лига колку и во Лигата на шампионите, но тоа е доказ за силата на оваа екипа. Герет Бејл беше резерва, влезе и даде два гола, овде секој сака да игра повеќе, но колку и да добие шанса секогаш го дава максимумот. Тоа е нашата големина“ – задоволно порача Серхио Рамос.

Се вчитува...