Се уште не е познато кога ќе продолжи шампионатот во Ла Лига. Според најавите се очекува на 12. јуни, но се се уште под знак прашалник.
Шпанското министерство за здравство веќе ги одби предлозите за масовни тестирања, без лекарски упат и за лица без симптоми. Но, за да продолжи фудбалската сезона неопходно е тестирање на сите играчи, па челниците на Ла Лига на крај се надеваат дека ќе бидат дозволени масовни тестирања.
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е оптимист. Истакнува дека карантинот не делувал лошо за него…
„Мислам дека сум во подобра форма отколку пред карантинот. Фокусиран сум на добра исхрана и одмор, како и на индивидуалниот тренинг. Сега сум во најдобра форма“ – вели Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА