Рамос: Гризман како Меси и Роналдо? Лошо е да си самобендисан…

Антоан Гризман годинава стана светски првак со Франција, се закити и со трофејот во Лигата на Европа со Атлетико Мадрид, па голгетерот на „јорганџиите“ смета дека незаслужено е игнориран кога станува збор за доделување на индивидуалните признанија, при кои не се јавува ниту меѓу тројцата финалисти. Тој неодамна во изјава за шпанските медиуми прокоментира дека одиграл на нивото на Меси и на Роналдо, на што должен на му остана Серхио Рамос, кој експресно го дочека „на пенал“ асот на градскиот ривал.

„Гризман рекол дека е на исто ниво со Кристијано и со Меси? Лошо е да си самобендисан“ – му порача Рамос на голгетерот на Атлетико.

И самиот Рамос во кариерата има бројни трофеи, освоил се што може да се освои и на клупски и на репрезентативен план, но никогаш јавно не се декларирал за индивидуалните награди.

„Важно е каква кариера ќе направиш, не што ќе освоиш како индивидуалец. Се сеќавам на Раул, Тоти, Малдини, Касилјас… играчи од највисока класа, освоија се што можеше, а сепак не стигнаа до Златна топка. Секој може да кажува што сака, но Гризман треба да добие совет од Симеоне, Годин или Коке, скромни луѓе од фудбалот кои можат да му ги пренесат вистинските вредности“ – истакна капитенот на Реал Мадрид.

Се вчитува...