Рамос: Имаше ли камери, да се види напад врз судијата пред соблекувалната

Серхио Рамос е убеден дека судијата имал неколку одлуки во корист на Барселона во второто полувреме бидејќи подлегнал под притисокот направен врз него за време на паузата меѓу двете полувремиња.

„Имаше ли камери, да се види напад врз судијата врз соблекувалната. Му направија невиден притисок, му кажуваа се и сешто. Потоа видовте што се случи во второто полувреме, ова не е фудбал“ – изјави Рамос.

Шпанскиот дефанзивец во првото полувреме влезе во конфликт со Луис Суарез, за што и двајцата фудбалери добија жолт картон.

„Сите сме деца на мајка и татко кои не воспитуваат. Немам што да кажам за Суарез, јас имам три деца што треба да ги учам како да се однесуваат, не можам да мислам и на него“ – прокоментира капитенот на Реал Мадрид.

Се вчитува...