Рамос ќе потпише нов договор за помала плата во Реал Мадрид

Пред 15 години Реал Мадрид го претстави Серхио Рамос, младиот бек на Севилја кој беше голем талент, но никој не претпоставуваше дека тој ќе прерасне во една од најголемите клупски легенди на „кралевите“. Рамос зад своето име веќе има 650 натпревари во дресот на Реал, само 91 помалку од рекордерот Раул, чиј рекорд би можел да биде урнат доколку се остварат најавите дека Серхио наскоро ќе потпише нов договор со најтрофејниот европски клуб.

Актуелниот договор на Рамос истекува на крајот од сезонава, но двете страни се блиску до продолжување на соработката, со што дефанзивецот би останал во Реал до крајот на сезонава.

„Не сме загрижени бидејќи знаеме дека Рамос ќе остане. Тој за нас е многу повеќе од играч, од капитен, тој е клупска легенда“, истакна Флорентино Перез.

Првиот човек на Реал најави дека новиот договор на капитенот дефинитивно ќе биде за помала плата од оној актуелниот што го има Рамос со „кралевите“.

„Сигурно нема да биде за поголема плата од онаа што ја зема во моментов. Сите фудбалери ќе имаат намалување на платата, Рамос е свесен за тоа и не прави никаков проблем на таа тема“, откри Перез.

Се вчитува...