Рамос: Мора сите во Реал убаво да се погледнеме во очи

Реал Мадрид доживеа дебакл (3-0) на гостувањето против Еибар и одеднаш се урна убавата атмосфера која владееше откако Сантијаго Солари ја презеде клупата на „кралскиот клуб“. По репрезентативната пауза, тимот не одговори соодветно на задачата. Се јави капитенот Серхио Рамос, кој вели дека време е сите на „Сантијаго Бернабеу“ да си погледнат во очи.

„Си заминавме дома лути и со горчината на поразот. По репрезентативната пауза, повторно паднавме на гостување и се оддалечивме од врвот. Мораме сите ние добро да се погледнеме во очи. Не бевме на потребното ниво и треба да ја најдеме причината за ваквата игра. Не можеме да кажеме ништо за играта на Еибар, туку само да им честитаме“, изјави Серхио Рамос.

Тој ги коментираше и обвинувањата за наводен допинг скандал, по финалето на ЛШ во 2017 година.

„Мојот правен тим ќе го реши тоа со оние кои изнесоа такви обвинувања. Клубот и УЕФА веќе јавно проговорија, јас во кариерата никогаш не сум прекршил никакви правила. Може да кажете лага на илјада начини, но тоа и понатаму ќе биде лага“, истакна капитенот на Реал Мадрид.

Се вчитува...