Рамос му го „провери“ рамото на Салах (ВИДЕО)

Серхио Рамос е најдобар дефанзивец во Европа за сезоната 2017/2018. По доделувањето на наградата на свеченоста во Монако, Шпанецот на минување го допре Мохамед Салах по рамото.

Салах остана „ладен“ на допирот од Рамос, но сцената од Монако веднаш стана хит на интернет со стотици досетливи коментари – „стој подалеку од тоа рамо, Серхио…“, „лицето на Салах – Серхио, о, не!“

А, сето тоа поради оној „зафат“ на Раул во финалето од Лигата на шампионите кога намерно го собори фудбалерот на Ливерпул кој после тоа мораше да излезе од игра.

Салах во тој дуел го повреди рамото, паузираше и не беше потполно подготвен за Мундијалот во Русија.

За некои потегот на Раул на церемонијата во Монако кога го допре рамото на Салах, беше провокација, за други пак, само случаен гест…

 

Се вчитува...