Рамос: Не се плашам од повредите, ќе играм и на 40 години

Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос изјави дека засега нема намера да го напушти професионалниот фудбал без оглед на долгите повреди. Шпанецот кој има 36-години, истакна сака да игра на врвно ниво до 40 години.

Рамос летово дојде во ПСЖ по неколкумесечна сага и истекување на договорот со Реал Мадрид, но повредите го спречија да ја оправда својата репутација на еден од најдобрите стопери во историјата на фудбалот.

„Ништо не може да ме спречи, па дури и повредите … Мојата е желба е толку голема што би сакал да одиграм уште 4-5 години на високо ниво, а потоа да добијам ново искуство. Ќе се обидам две години во ПСЖ да ги претворам во три, а потоа ќе видиме што ќе се случи понатаму. Се додека ми дозволува физичката кондиција, мислам дека ќе се концентрирам на тоа, рече Рамос во интервју за ‘Prime Video Sport France’.

Шпанскиот ветеран потенцираше дека би сакал да се наметне за настап во репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство. Иако поголем дел од сезоната ја пропушти поради повреди, Рамос сега се врати во тимот на ПСЖ и истакна дека посакува да биде дел од „црвената фурија“ на Мундијалот. Тој претходно беше и долгогодишен капитен на националниот тим.

Се вчитува...