Рамос: Очекувам сега да кажат дека Фирмино добил настинка зошто сум го допрел

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, веднаш реагираше на информацијата од англискиот премиерлигаш Ливерпул дека голманот Лорис Кариус добил потрес на мозокот по судир со него и токму затоа примил два ‘смешни гола’ во финалето на Лигата на шампионите. Германскиот голман заминал на специјални тестови на главата во САД, каде било утврдено дека тој сепак имал мал потрес на мозокот во тие моменти.

Иако се наоѓа на подготовки со фудбалската репрезентација на Шпанија во пресрет на Светското првенство во Русија, Серхио Рамос не остана должен за нов коментар околу финалето.

„Кога јас нешто ќе направам, тоа после се предимензионира во медиумите. Имавме дуел со Салах и тој за жал се повреди, но потоа комуницирав со него и му испратив СМС – порака. Сега доаѓа и информацијата дека Лорис Кариус добил мал потрес на мозокот по судирот со мене. Се прашувам што е следно, дека Фирмино можеби добил настинка затоа што имал мал допир со мене во текот на натпреварот“, изјави Серхио Рамос.

 

Се вчитува...