Рамос: Сакаме Меси да остане, „Ел Класико“ не е исто без него

Серхио Рамос веќе ги стартуваше подготовките со Реал Мадрид за наредната сезона, а капитенот на „кралевите“ во изјавите за шпанските медиуми се осврна и на ситуацијата со Лео Меси во Барселона.

„Тоа не е работа за која ние имаме влијание, но мој личен став е дека Меси има право самиот да си решава за својата иднина. Не знам што ќе реши на крај, но ние сакаме Меси да остане, за доброто на Ла Лига и на шпанскиот фудбал. Меси ја прави целата лига многу поинтересна за гледање, а „Ел Класико“ сигурно не би било исто без него. Сепак, тоа е одлука што мора да ја донесат Меси и челниците на Барселона, има премногу шпекулации на оваа тема“, истакна капитенот на „кралскиот клуб“.

Последните шпекулации пристигнаа од Аргентина, од каде се најавува дека Меси сепак ќе остане на „Камп Ноу“ уште една година, по што како слободен играч ќе си замине во јуни 2021.

Се вчитува...