Рамос се поклони со почит пред легендата Паоло Малдини

Реал Мадрид во дуелот за „Трофејот Сантијаго Бернабеу“ славеше со 3-1 против Милан во чии редови со гол дебитираше Игуаин.

Трофејот на победникот му го врачи Паоло Малдини, а моменти пред предавањето капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос покажа колку го почитува Малдини со гестикулација „симнувам капа“ искажувајќи максимален респект за легендата на европскиот фудбал.

Малдини со години беше еден од најдобрите стопери во Европа, целата кариера ја мина во Милан, па сосема е разбирливо зошто е ценет и почитуван буквално на сите страни од светот.

Се вчитува...