Рамос сепак ќе почека на своето деби во ПСЖ

Иако некои медиуми најавуваа одбранбениот фудбалер на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос ќе дебитира за тимот против Анже, сепак тоа нема да се случи.

Откако тој летово премина во Париз од редовите на Реал Мадрид поради обновување на повредата се уште не запиша ниту еден настап за тимот од главниот град на Франција.

„Се надевма дека ќе се врати што побрзо, но засега не можеме да речеме кога ќе биде тоа“, изјави тренерот на „светците“ Маурисио Покетино. 

Последниот настап на фудбалски меч, Рамос го имаше на 5. мај 2021 година во полуфиналето од Лигата на шампионите против Челси.

Се вчитува...