Рамос: Што ќе посееш тоа и ќе жнееш

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос беше задоволен по пласманот на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите и двојната победа над Аталанта.

„Цел беш да се обезбеди пласман во четвртфинале со победа. Можевме да постигнеме уште некој погодок, но добро е одиме понатаму, а тоа е најважно. Моравме да се прилагодиме на противникот. Кога толку многу се грижите за себе, тоа што ќе си посеете, тоа и ќе жнееш. На никој не може да му се суди поради датумот на раѓање. На секој натпревар треба да дадеме максимум“, изјави Рамос. 

Реал Мадрид синоќа во реваншот ја совлада Аталанта на домашен терен со 3-1 и со 4-1 се пласираше меѓу осумте најдобри во Европа.

Се вчитува...