Рамос со неспортски потег остави „дамка“ на големата победа… (ВИДЕО)

Реал Мадрид сосема заслужено, со головите на Кристијано Роналдо, повеќе од убедливо со 3-0 славеше во првата полуфинална пресметка против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Сепак, на мечот остана забележан и неспортскиот потег на капитенот на Реал, Серхио Рамос кој го потенцираат шпанските медиуми. Во еден дуел со лакт го удри Лукас Фернандез, и сето тоа мина незабележано од судиската тројка и неказнето.

Но, сето тоа е забележано од камерите. Навивачите на Атлетико Мадрид жестоко реагираат преку социјалните мрежи барајќи Рамос да заработи дополнителна казна од Дисциплинската комисија на УЕФА… Но, реално тешко дека до тоа ќе дојде.

Ramos Elbow by goloviliga

Се вчитува...