Рамос урна рекорд, ама неславен

Реал Мадрид со одлично издание ја надигра Рома, заслужено славеше со 3-0 и најави дека планира и сезонава да има значајна улога во битката за трофејот во Лигата на шампионите. Серхио Рамос беше вистински командант на одбраната на „кралевите“ и на овој натпревар, но искусниот дефанзивец ќе го памети дуелот со Рома и по неславниот рекорд што го постави.

Имено, жолтиот картон заработен вечерва беше 37. во кариерата на Рамос во Лигата на шампионите, со што шпанскиот ас стана играч со најмногу картони во историјата на елитното европско натпреварување. Тој од врвот на оваа листа го симна Пол Сколс, кој во својата кариера во Манчестер јунајтед имаше 36 вакви опомени од судиите.

Рамос е познат по грубата игра, па тој е рекордер по број на картони и во „Ла Лига“, во неговиот клуб Реал Мадрид, како и во историјата на шпанската репрезентација.

Се вчитува...