Рамос застана рамо до рамо со легендарниот Бекенбауер

Реал Мадрид направи хет – трик, последователно освојувајќи три пехари во Лигата на шампионите, подвиг што досега му не му успеал на ниту еден друг европски клуб. А и капитенот Серхио Рамос влезе во навистина елитно друштво. Тој е првиот капитен по легендарниот Франц Бекенбауер, кој успеал три пати да го крене пехарот од елитното европско клупско натпреварување.

„Знаевме дека ќе биде тешко, како и секое финале. Но, овој тим на Реал Мадрид е создаден токму за да победува и да освојува трофеи. Сега ние сме легендарен тим. Одигравме на нашето ниво, и успеавме во нашата мисија, трипати последователно да го освоиме најпосакуваниот трофеј“, изјави Серхио Рамос.

Се вчитува...