Рамос жестоко удри по критичарите: Некои само критикуваат, а без да вклучат мозок…

Реал Мадрид ја зачува предноста на врвот од табелата во Ла Лига откако синоќа славеше со 2-0 против Мајорка на мечот на кој стрелец беше и Серхио Рамос.

И овој дуел беше одбележан од судиската наклонетост кон Реал, но после мечот Рамос одлучи да не премолчува пред дежурните критичари…

„Нормално е секогаш зад Реал да има галама, затоа што сме први и најдобри. Мислам дека судиите не носат никакви одлуки однапред. Изгледа како да мора да им заблагодариме на судиите што сме први. А тоа не е така. Некои луѓе само критикуваат а без да знаат зошто. Во животот веројатно ќе биде само една ‘коронавирус Ла Лига’ и ние сме цврсто одлучни да ја освоиме“ – рече Рамос по синоќешниот натпревар.

Се вчитува...