Рамос: Знаете колку го сакам Реал, но јас сум играч на ПСЖ и ќе го бранам мојот тим

Дербито од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе го одиграат Пари Сен Жермен и Реал Мадрид. Заеднички именител на двата клуба е поранешниот капитен на Реал Мадрид и актуелен стопер на Париз, Серхио Рамос.

Рамос истакна дека љубовта кон Реал никогаш нема да исчезне, но потенцираше дека сега игра за ПСЖ, тим со кој ќе се бори да се пласира во финалето на ЛШ.

„Судбината е каприциозна. Сакав некој друг. Знаете колку љубов имам за Реал, навивачите и тоа никогаш нема да се промени. Време е да се свртиме кон сегашноста, јас сум играч на ПСЖ и ќе го бранам мојот тим. Ќе направам се што е во моја моќ за да се пласираме во четвртфиналето. Реал е во добар период, но остануваат уште два месеци до натпреварот“, изјави Рамос.

Рамос беше и запрашан што очекува од враќањето на „Бернабеу“.

„Доаѓањето дома затоа што не се поздравив со фановите е голема награда. Посакувам да беше поинаку, но така е како е …“ заклучи Серхио.

Се вчитува...