Шпанија синоќа на „Вембли“ славеше против Англија со 2-1 во меч од Лигата на нациите.
А, во центарот на вниманието и синоќа беше капитенот на гостите Серхио Рамос кој доби силни свирежи од англиските навивачи. По мечот новинарите му кажаа дека тоа е поради финалето од Лигата на шампионите кога го повреди Мохамед Салах.
„Повторно за тоа зборуваме? Воопшто не се оптоварувам со свирежите затоа што навикнав на тоа, но ме нервира фактот што сето тоа не го гледаат од еден друг агол. Би сакал да размислат како ми е мене. Зошто никој не помислува на тоа дека јас и моето семејство, моите деца добивавме закани со смрт поради тоа“ – рече Рамос и дополни:
„Никој не размислува што се моите деца минаа поради тоа. Тоа е еден чуден проблем кој луѓето го сфаќаат како шега и свират на стадион како сега, никој не размислува за сериозните нешта. Мојата совест и чиста и кажав неколку пати зошто. Нема повторно да ви објаснувам“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА