Велшкиот интернационалец Арон Рамзи влегува во последната година од актуелниот договор со Арсенал, па раководството на „топчиите“ сака да го продаде до крајот на летниот преоден рок. Медиумите на Островот откриваат дека тој би можел да остане во Лондон, но да се пресели на „Стемфорд бриџ“.
Новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари, сака да го освежи средниот ред со неколку нови имиња, а Рамзи има непроценливо искуство во Премиер – лигата. Арсенал за него бара 34 милиони евра отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА