Рамзи си заминува од Јувентус

Арон Рамзи сосема извесно на крајот од сезоната ги напушта редовите на Јувентус.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалерот кој пред една година пристигна од Арсенал со сигурност веќе во јуни заминува од Торинот. Сезонава запиша 19 настапи за „црно-белите“ низ кои постигна два гола, но не се снајде баш најдобро во редовите на Јувентус.

Иако останува нејасно каде би ја продолжил кариерата, веќе се шпекулира дека Арсенал повторно сака да го види во своите редови.

Се вчитува...