Рангирање на „Марка“: Само еден голман во Шпанија е подобар од Столе Димитриевски

Столе Димитриевски брани во извонредна форма на голот на Рајо Валјекано, со што македонскиот репрезентативец е меѓу најзаслужните што Рајо важи за едно од најпријатните изненадувања во Ла Лига сезонава.

Весникот „Марка“ традиционално го доделува признанието „Замора“ за најдобриот голман, а во моментното рангирање Димитриевски се наоѓа на фантастичното второ место, веднаш зад Тибо Куртоа од Реал Мадрид.

Бројките на Македонецот се одлични, на 17 одиграни средби тој има примено само 18 погодоци. Зад неговото име стојат забележани и 49 интервенции и два одбранети пенали.

Димитриевски беше без примен гол на пет натпревари сезонава во елитното шпанско фудбалско друштво.

Се вчитува...