Рангник доаѓа на „Олд Трафорд“ како спортски директор?

Пропадна можноста германскиот стратег Ралф Рангник да пристигне на „Сан Сиро“ откако Стефано Пиоли го препороди тимот и потпиша нов двегодишен договор со Милан, но, сепак, за него се отвора уште поубава опција. Како што наведува „Билд“, Рангник влегол во преговори за функцијата спортски директор на Манчестер Јунајтед. Би бил првиот што ќе ја извршува оваа улога и би добил комплетна самостојност во работата, секако во соработка со менаџерот Оле Гунар Солскјер, за ангажман на нови фудбалери на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед е подготвен да ангажира стручњак кој комплетно би бил посветен на трансферната политика. Ралф Рангник е една од посакуваните опции, иако се споменуваат и имињата на Паратичи од Јувентус и Антеро Енрике, поранешниот спортски директор на Порто и на ПСЖ.

Се вчитува...