Рангник го замени Роналдо, па му порача: Јас сум овде за да носам одлуки за доброто на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед со одлична игра во второто полувреме го совлада Брентфорд со 1-3, но во фокусот на вниманието се најде Кристијано Роналдо и неговата реакција откако Ралф Рангник реши да го повлече од игра во второто полувреме.

Јунајтед имаше водство од 0-2 кога германскиот стручњак реши да се затвори и го повлече Роналдо, внесувајќи го на негово место Хари Мегваер. По мечот, Рангник ја објасни својата одлука, како и комуникацијата што ја имал со Кристијано крај аут линијата.

„Знам дека беше разочаран, тој е напаѓач и сакаше да остане на теренот и да даде некој гол. Сепак, јас не сум тука за да ги исполнувам неговите желби, туку за тимот да победува. Се најдовме во слична ситуација како против Астон Вила, имавме водство од два гола и не сакав да ни се случи истото, па решив да заиграме подефанзивно, со петмина во одбрана. Разговаравме по замената, му реков дека разбирам како се чувствува, но ако реши да стане тренер, и тој би ја донел истата одлука како мене. Па Роналдо беше повреден десетина дена и речиси и да не тренираше“, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед.

 

Се вчитува...