Рангник за преговорите со Баерн: Не знам ни дали јас воопшто го сакам тоа…

Баерн Минхен се соочува со огромни проблеми во потрагата по нов тренер откако Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман решија да продолжат со своите сегашни функции одбивајќи ги понудите да се преселат на „Алијанц Арена“.

Ралф Рангник е последното име со кое најтрофејниот германски клуб активно преговара, се чинеше дека овој искусен стратег е многу блиску до потпис со Баерн, но неговата последна изјава дава поинаква слика за преговорите.

„Точно е дека бев контактиран од Баерн Минхен, за што веднаш го известив Фудбалскиот Сојуз на Австрија. Мојот фокус целосно е на австриската репрезентација и настапот на ЕВРО 2024. Точно е дека разговаравме, но немаше ништо конкретно. Најпрвин Баерн треба да ми каже дека ме сака и да испрати конкретна понуда, а потоа јас да се прашам дали воопшто го сакам тоа“, изјави Рангник.

Се вчитува...