Раниери потврди дека на крајот од сезоната заминува од Рома

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери потврди дека на крајот на сезоната заминува од клупата на калчолигашот Рома. Поранешниот менаџер на Челси и Лестер, на „Олимпико“ пристигна во март месец, како замена за Еузебио ди Франческо кој доби отказ по елиминацијата од Порто во осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Мојата работа на „Олимпико“ завршува на крајот на сезоната“, изјави накратко Раниери на прес-конференцијата пред мечот со Јувентус. 

За Раниери ова беше второ искуство на клупата на Рома, откако претходно го водеше тимот од главниот град на Италија во периодот од 2009 до 2011 година.  До крајот на сезоната Раниери ќе има тешка задача да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, бидејќи во моментов „волчицата“ се наоѓа на шесттата позиција на првенствената табела, со три бода негатива зад четвртата Аталанта.

Се вчитува...