Раниери се враќа во Премиер – лигата, ќе седне на клупата на Ватфорд?

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери би можел да се врати во Премиер – лигата веќе од следната сезона. Тој е најсериозниот кандидат за наследник на неговиот сонародник Валтер Мацари, кој го напушта кормилото на Ватфорд. Раниери беше менаџер на Лестер и со овој тим ја освои титулата пред две сезони, но во текот на овој шампионат заработи отказ.

Покрај Раниери, раководството на Ватфорд размислува и за други опции како рускиот стратег Леонид Слуцки, како и Марко Силва, сегашниот менаџер на Хал сити.

Се вчитува...