Раниери си најде нов клуб во Италија

Клаудио Раниери повторно ќе работи во „Серија А“, откако шампионскиот стратег на Лестер си најде нов клуб во татковината. Станува збор за Сампдорија, екипа со која Раниери денеска потпиша договор до јуни 2021 година.

Челниците на Сампдорија беа во потрага по нов тренер откако пред пет дена оставка поднесе Еузебио ди Франческо, па иако се шпекулираше дека клубот е пред договор со Јакини, на крајот сепак изборот падна врз Раниери. Искусниот стратег се враќа во Калчо-лигата по само неколку месеци пауза, откако ланската сезона ја заврши на кормилото на Рома.

Тој потпиша договор за плата од два милиони евра годишно за следните две сезони. Раниери ќе дебитира на клупата на Сампдорија токму против Рома, на мечот што ќе се игра на „Мараси“ во Џенова на 20 октомври.

Се вчитува...